Хотел Фени има идеално место за секој од вашите деловни настани, свадби, крштевки, родендени, состаноци, семинари, обуки, прес-конференции, презентации или за било какви други специјални прилики.
Нашите конференциски сали имаат капацитет од 10 до 500 седишта.
Сите конференциски и свадбени сали се целосно загреани и климатизирани; имаат пристап до бесплатен безжичен интернет и по Ваше барање се опремени со мултимедијална опрема за аудио и визуелни презентации:
- Лаптоп
- ЛЦД-проектор
- Озвучување
- Флип-чарт
- Копирање / скенирање / печатење (на рецепција)
- Опрема за симултан превод (по барање)
Во договор со организаторот нудиме освежителни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Сите настани можат да бидат подготвени со одлична кетеринг услуга од професионален тим кој вклучува голем избор на менија за шведска маса и коктели како и организирање на деловни ручеци и вечери.